39-годишниот Жил Симон, кој се пензионираше во 2022 година, се очекува да започне да работи со Данил Медведев пред турнирот во Индијан Велс.
Французинот веројатно ќе поминува најмалку 10 недели годишно со најдобриот руски тенисер. Весникот –„ L’Equipe“ го цитира Жил Червара, долгогодишниот тренер на шампионот на УС Опен од 2021 година, кој вели дека „од лични причини“ ќе ја намали бројката на патувања.
„Консултант, втор тренер, помошник тренер… Не ми е грижа. Значајно ќе биде да има квалитет во работата и добра динамика меѓу сите членови во тимот“ – вели Червара.