Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, проговори за притисокот што го чувствуваат клубовите кои се главни фаворити за освојување на трофеи.
„Подобро е отколку да се бориме за 10-то место на табелата. Да се игра секој натпревар знаејќи дека сè е готово ако загубите, тоа ве држи под тензија. Во исто време, во август и септември, не може да размислувате за трофеи“ – рече Гвардиола.
Неговиот состав се наоѓа на второто место на табелата во Премиер лигата со еден бод заостанување зад лидерот, Ливерпул.

