Екипата на Рома доцна синоќа успеа да го победи Торино со 3:2 во рамките на Серија „А“ и да освои значајни бодови во трката за евро-виза.
Напаѓачот на „волчицата“, Пауло Дибала, не го криеше задоволството од прикажаната игра и фактот дека беше единствениот стрелец за неговиот состав. Тоа беше првиот хет-трик за Аргентинецот гледано од октомври во 2018 година.
„Помина долго време откако ја однесов топката дома. Навистина го сакав тој хет трик. Против Калјари бев блиску до гол но, потоа тренерот ме замени“ – прокоментира Дибала.