Селекторот на нашата женска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски и десното крило, Сара Ристовска, во денешното гостување во Спортско радио 90,3 ФМ, потенцираа дека сите се максимално мотивирани за мечот со Шпанија во квалификациите за Европското првенство.

„Не очекува натпревар со силен противник но, нема да излезeме со бело знаме. Одлично се подготвуваме и се надеваме дека ќе успеeме да ја изненадиме фаворизираната Шпанија. За жал, Дабевска поради повреда не може да ни помогне“ – вели Грчевски.

„Шпанија е одлична репрезентација со која можеме да ги одмериме силите. Ќе ставиме фокус на нашата игра бидејќи немаме што да загубиме. По двете победи што ги остваривме, се надеваме на уште еден добар натпревар. Верувам дека ќе имаме голема поддршка од трибините“- нагласи Ристовска пред мечот закажан в четврток во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток од 18.00 часот. Влезот е слободен.

