Со 89 гласа за и без ниту еден против, пратениците го изгласаа Законот за распределба на парите за спортистите.
Најголемата промена во новата верзија на Законот за спорт е тоа што само 25 проценти ќе можат да се употребат за плати на странските спортисти. Три четвртини ќе мора да заврши кај Македонци.
Во законот се предвидени и казни во случај на злоупотреба на парите од ваучерот. Тие може да бидат и до 10.000 евра за федерациите и клубовите. Секоја федерација мора да ја објави прелиминарната бодовна листа на клубови и на спортисти најдоцна до 1 март во годината.