Левиот бек на Интер, Федерико Димарко синоќа постигна гол на одложениот натпревар од 21. коло против Аталанта и со тоа влезе во топ 4 одбранбените играчи од најдобрите пет европски првенства кои имаат најмалку 10 голови+асистенции во лигата во која настапуваат. Димарко има четири гола и шест асистенции на 21 натпревар во Серија А.
Меѓу дефанзивците од топ 5 лигите во Европа, само тројца играчи имаат подобар скор од него, а тоа се Алехандро Грималдо од Баер Леверкузен (8+9), Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен (7+6) и Киран Трипие од Њукасл (1+10).