Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги вели дека неговиот состав не бега од улогата на главен фаворит за освојување на победничкиот пехар во Серија „А“.
„Мораме да продолжиме со добриот ритам. Не може да се негира дека тимот игра добро а тоа го правиме две и половина години. Освоивме пет трофеи, игравме финале во Лигата на шампионите и имаме добро водство на табелата“ – вели Инзаги.
„Нероаѕурите“ в понеделник ги очекува меч на домашен терен со Џенова во рамките на 27 коло во италијанскиот фудбалски шампионат.

