Баерн (Минхен) ќе ја продолжи соработката со фудбалерот Ерик Диер, објавија медиумите во Германија.
Англичанецот игра на позајмица од Тотенхем и успеа да ја исполни клаузулата од договорот што значи дека автоматски ќе продолжи да биде дел од Баварците до 30 јуни 2025 година.
„Многу сум среќен во Минхен. Мојата иднина е решена и можам само да се концентрирам на настапите. Сакаме повторно да освојуваме натпревари и титули“ – вели дефанзивецот кој има седум настапи за бранителот на титулата во Бундес-лигата.