Фудбалскиот состав Парк ја победи Славија Софија со 3:0 и успеа да се пласира во големото финале на силниот меѓународен турнир кој се реализира во Сандански.
Избраниците на Боби Андоновски одиграа перфектен натпревар против една од најдобрите фудбалски академи во соседна Бугарија. Стрелци на головите беа Стефан Шиљковски, Михаил Динов и Стефан Секуловски.
Генерацијата 2012 која е актуелен шампион на Македонија во нејзината возрасна категорија утре ќе се бори за победничкиот пехар.