Кошаркарките на Баскет Кам денеска го совладаа МЗТ Скопје со убедливи 67-39 и по трет пат го освоија Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“.
Тие мечот го решија уште во првото полувреме кога направија одлична предност. Во екипата од Македонска Каменица се издвои Ивана Кметовска со 23 поени и 15 скока додека Димова застана на 19 поени и 9 скока. Кај МЗТ Скопје најпрецизна беше Томас со 16 кошеви.
Признанието МВП сосема заслужено го доби нашата репрезентативка, Кметовска.

