Женската ракометна репрезентација на Македонија по втор пат загуби од Шпанија во рамките на квалификациите за Европското првенство.
Денеска во 4. коло од нашата група, „Фуријата“ славеше на домашен терен со 24:20 и си го потврди пласманот на Континеталниот собир. Во редовите на Шпанија најпрецизна беше Пинто со 4 голови додека Хереро и Коста имаа по три. Во нашиот табор се издвоија Кипријановски и Маџовска кои погодија по три пати.
Македонија за да ја оствари целта и да патува на ЕП, сега ќе се насочи кон вторите пресметки со Литванија и Азербејџан. Тоа се селекции кои успеавме да ги победиме во првите две кола.

