Напаѓачот на Баерн Томас Милер зборуваше во пресрет на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Лацио. Во првиот натпревар тимот од Минхен загуби со резултат 0:1.
„Веќе две и пол недели размислувам за претстојниот домашен натпревар со Лацио. Не е празна фраза кога велам дека натпреварите во Лигата на шампионите дома во Минхен биле и секогаш остануваат нешто посебно. Пред да станам играч, бев навивач. Во овие ноќи, кога се е на коцка во нокаут натпревари, тензијата ја чувствуваа сите – без разлика дали сте биле навивачи или играчи. Од противникот губиме со еден гол разлика. Ние го знаеме ова, но тоа е остварлива задача. Ќе ни биде важно да останеме дисциплинирани, и покрај желбата да дејствуваме по секоја цена“, рече Милер во изјавата како најава на овој натпревар.
Да потсетиме, реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите помеѓу Баерн и Лацио ќе се одигра утре, 5 март. Натпреварот ќе се одигра на „Алијанц Арена“.