Фудбалерот на РБ Лајпциг, Чави Симонс верува дека германскиот состав ќе го победи Реал Мадрид во реванш мечот од првата рунда во нокаут-фазата на Лигата на шампионите.
РБ Лајпциг загуби на домашен терен од Реал Мадрид (0:1) во првиот натпревар од 1/8-финалето на Лигата на шампионите, а реваншот е закажан за утре во Мадрид.
„Се сеќавам на мечот со Реал пред две години. Првиот натпревар го добивме со 1-0, а потоа дури и поведовме во реваншот. Но, тогаш Реал се врати и го сврте натпреварот постигнувајќи три гола. И сега верувам во нашиот тим. Мора да излеземе на теренот и да уживаме. На сите кои веќе не отпишаа, ќе им кажам: ништо не е невозможно“, изјави играчот од средниот ред на Лајпциг.