Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи објави дека е неверојатно чувството повторно да се биде во Индијан Велс.
„Последен пат играв на овој прекрасен терен во 2019. Изгледа како да беше вчера. Неверојатно е да се вратиш во тенискиот рај. Едвај чекам да започне турнирот! Одиме – напиша Ѓоковиќ на Инстаграм.
Мастерсот во Индијан Велс се игра од 6 до 17 март за награден фонд од 9.495.555 долари.

