Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, кој со два гола на вчерашниот натпревар со Реал Сосиедат му донесе пласман на францускиот состав во наредната фаза елиминации во Лигата на шампионите, вели дека сите биле мотивирани за победа.
„ Знаевме дека не смееме да се опуштиме. 2:0 е опасен резултат, ако тие први дадеа гол, ќе беше потешко за нас“ – вели Мбапе.
„Сакам да го освојам пехарот во Лигата на шампионите и секогаш го давам најдоброто“ – потенцираше играчот од „Паркот на принцовите“.