Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, кој псотигна два гола на вчерашниот меч со Лацио во Лигата на шампионите, вели дека е задоволен од неговата форма и пласманот во новата рунда елиминации во елитата на Европа.
„ За првиот гол беше важно да се биде на вистинското место во шеснаесетникот. За вториот бев добро поставен и успеав да постигнам гол со левата нога“ – вели Англичанецот.
„Тоа што му помагам на тимот ми дава дополнителна самодоверба. Знаеме дека можеме повеќе“ – додаде Англичанецот.