Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, проговори за споредбата на неговиот клуб со лидерот во Формула 1 – Ред Бул.
„Пред еден месец ме прашаа за Алексис Санчез и Марко Арнаутовиќ. Велат дека сме како Ред Бул од Формула 1 но, не бевме такви пред неколку месеци. Ова е работа на сите: мојот штаб, играчите и клубот“ – вели Инзаги.
„Сега треба да продолжиме да одиме напред и да се обидеме да ја пренесеме формата во Лигата на шампионите“ – изјави Инзаги.

