Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, постигна гол на вчерашниот меч со Копенхаген и успеа да го престигне поранешниот напаѓач на „граѓаните“, Серхио Агуеро, кога станува збор за голови во Лигата на шампионите.
23-годишниот Норвежанец во сезонава одигра 32 натпревари, постигна 29 голови и имаше шест асистенции.
Халанд во јули 2022 година ја напушти Борусија Дортмунд и за 60 милиони евра се пресели во Англија. Договорот на играчот со клубот е до летото во 2025 година.