Како што пренесуваат шпанските медиуми, тројца фудбалери сигурно заминуваат на лето и тоа Мемфис Депај, Анхел Кореа и Саул Нигез.
Од друга страна, откриен е списокот на играчи за кои е заинтересиран Атлетико Мадрид. Toa се Робин Ле Норманд од Сосиедад, Лени Жор од Лил, Муриљо од Нотингем Форест, Факундо Медина од Ленс.
Во средниот ред Атлетико ќе се обиде да го добие Микел Мерино од Сосиедад, чиј договор истекува на крајот од оваа сезона.

