Барселона е задоволна од настапите на десниот бек на Манчестер Сити, Жоао Кансело, кој оваа сезона игра за оваа екипа како позајмен играч и има намера да ја продолжи позајмицата на играчот за уште една сезона, што не им одговара на „граѓаните“, пренесува „Спорт.ес“.
Манчестер Сити очекува да го продаде 29-годишниот фудбалер летово и веќе му одредил цена од 40 милиони евра. За возврат, Барселона поради финансиската состојба не може да си дозволи да го купи по оваа цена.
Се нагласува дека оваа ситуација значително ги отежнува преговорите меѓу двете страни, а постепено се намалуваат шансите португалскиот фудбалер да остане во Барселона. Истовремено за Кансело се заинтересирани клубови од Саудиска Арабија и англиското првенство. Да потсетиме, актуелниот договор на Кансело со Манчестер Сити е до летото 2027 година.

