Првите луѓе на фудбалскиот состав Челзи, веројатно ќе се разделат со тренерот Маурисио Покетино на крајот на сезоната, велат последните шпекулации од Англија.
„Сините“ по 26 кола во Премиер-лигата се наоѓаат дури на 11 место на табелата и најверојатно нема да се изборат за учество во меѓународната конкуренција за наредната сезона.
Според весникот – „The Guardian“, главен конкурент да го наследи Аргентинецот е тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим.

