Фудбалерот на Арсенал, Деклан Рајс, не крие дека е презадоволен од условите во лондонскиот состав.
Тој им се приклучи на „топчиите“ во изминатото лето откако на Вест Хем му беа платени големи 116 милиони евра.
25-годишниот фудбалер во тековнава сезона се појави на 36 натпревари на кои даде 4 голови и направи 6 успешни додавања.

