Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Кошаркарите од МЗТ Скопје со посебен гест им го честитаа празникот на посетителките на Капитол Мол
    Домашен микс

    Кошаркарите од МЗТ Скопје со посебен гест им го честитаа празникот на посетителките на Капитол Мол

    sasoBy saso08/03/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Секоја година 8 Март одново не потсетува колку посебни и битни жени постојат во нашите животи, секоја година ги славиме нивните достигнувања, се восхитуваме на нивниот мајчински инстинкт, на нивната верност кон пријателствата, на нивната истрајност во кариерата.

    Денешниот ден, како и останатите 365 дена од годината, секоја жена треба да се чувствува сакано, сигурно и посебно. Токму затоа, Капитол Мол на своите посетителки им приреди посебно изненадување со симпатичен гест.

    Капитол Мол заедно со кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје беа причина за насмевка кај секоја дама што денеска го посети трговскиот центар. Во текот на денешниот празничен ден, кошаркарите на сите жени, девојки, мајки и баби им подарија ружи и лалиња, им го разубавија денот и им посакаа да останат свои, единствени и да шират љубов.

    „Овој ден треба да биде посебен за секоја жена, затоа што навистина секогаш инспирираат и мотивираат. Секој ден одново имам прилика тоа да го видам и да го почувствувам благодарение на кошарката и секојдневната комуникација со моите колешки – кошаркарки. Јас сум дел од кошаркарскиот клуб МЗТ и веднаш, со задоволство го прифатив денешниот предизвик и одлучив дека ќе бидам дел од овој осмомартовски настан во Капитол Мол со цел да бидам причина за насмевка за жените што ги сретнав тука. Во име на целиот МЗТ тим им го честитам празникот на сите дами и им посакувам секој нареден ден да бидат ценети, почитувани и да се сакаат себе како што знаат да ги сакаат свои најблиски“ – вели Марко Миловановиќ, играч во КК МЗТ.

    Во Капитол Мол денеска владееја само позитивни вибрации и празничното расположение се чувствуваше во секој агол, а тоа ќе продолжи и во текот на целиот месец, затоа што март е „Месец за неа“. Подготвени се неодоливи понуди за сечиј вкус и неверојатни попусти. Секојдневното купување треба да претставува огромно задоволство и да биде време издвоено за уживање, а тоа е главното мото на Капитол Мол. Секој посетител е важен, а овој месец најважна е жената затоа што Капитол е Твој Мол, Твое Место.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.