Фудбалерите на Челзи денеска ќе го пречекаат Њукасл во рамките на тековното коло во Премиер Лигата. Математиката вели дека „сините“ имаат некаде 43,1% да победат додека Њукасл има 29,1%.
Еве и неколку факти пред мечот. -Челзи нема пораз на домашен терен во март од 2001 година (загуби од Сандерленд).За тоа време, клубот одигра 37 мартовски средби со 31 победа и 6 нерешени. Ова е четврти натпревар по ред како Њукасл е пред Челзи на табелата.
Домаќинот има добиено само 11% од натпреварите против тимови над нив на табелата во последните три години (3 победи, 8 нерешени и 16 порази). Во 28 натпревари одиграни на „Стемфорд Бриџ“, Челзи има само еден пораз од Њукасл и тоа во далечната2012 година.