Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ја објасни неговата одлука да го замени Кевин Де Бруин на дербито со Ливерпул и да го уфрли во игра Матео Ковачиќ. Во тој момент Белгиецот изреагира нервозно додека одеше кон клупата.
„Не е точно дека Де Бруин бил лут а ако бил вознемирен и тоа е во ред. Знам зошто го направив тоа. Откако го примивме голот, играта повеќе не беше во наши раце.“ – вели Гвардиола.
„Со воведувањето на Ковачиќ тоа се промени. Ни донесе стабилност и ја вративме контролата“ – потенцираше тренерот на „граѓаните“.