По завршувањето на реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и Порто, екипата на Арсенал обезбеди пласман во следната рунда од ова натпреварување. Во регуларното време на натпреварот, лондонскиот клуб го победи противникот со резултат 1:0, а вкупниот резултатат беше 1:1, па се играше продолжение и изведување на пенали по кој Арсенал се радуваше на пласман во четврт-финалето.
Така Арсенал за прв пат по 2010 година ќе игра во четврт-финале во Лигата на шампионите. Тогаш лондонскиот клуб се сретна со каталонската Барселона и загуби со вкупен резултат 3:6.
Да потсетиме, во групната фаза од Лигата на шампионите, Арсенал забележа четири победи, еднаш ремизираше и еднаш загуби. Тимот се пласираше во плеј-офот на турнирот од првото место во групата Б.