Добрите игри на многу играчи на Арсенал се очекува да им донесат нови договори со подобри услови во нив, смета трансфер експертот Фабрицио Романо.
Најочекуваниот договор ќе биде за чуварот на голот на Топџиите, Давид Раја, кој има откупна клаузула од Брентфорд и сигурно ќе биде активирана, а тоа беше решено пред неколку месеци.
Арсенал во овој трансфер ќе вложи 27 милиони евра, но ова се планирани пари од минатото лето. Веќе имаше нов договор за Томијасу, а наскоро се очекува Бен Вајт да добие подобри параметри според договорот.

