Селекторот, Драган Канатларовски, денеска го објави списокот за претстојните дуели од квалификациите за ЕП 2025 во Словачка.
Селекцијата до 21 година прво ќе игра со Гибралтар (21 март) а потоа и Шведска (25 март) на арената – „Тодор Проески“ во Скопје.
„Не очекуваат два многу значајни меча од кои првиот со Гибралтар мораме да го добиеме. Императивот е победа, се’ друго би било неуспех за нас. Во вториот дуел очекувам да се покажеме во добри светло, ќе се обидеме да се надигруваме со силен противник“ – изјави Канатларовски.

