Англиските фудбалски состави Манчестер Јунајтед и Челзи се заинтересирани за стоперот на Барселона, Жил Кунде, кој може да игра и по страничните позиции, објави весникот – „Мундо депортиво“.
Тимот од „Олд Трафорд“ и претходно беше заинтересиран за 25 годишниот играч кој во 2022 година ја напушти Севилја и се пресели во редовите на Каталонците. За неговиот потпис беа платени 50 милиони евра плус бонуси.
Токму во тој период и Челзи се обиде да го ангажира Кунде но, фудбалерот преферираше да остане на Пиринеите.