Дефанзивецот на фудбалскиот состав Барселона, Роналд Араухо, изјави дека сака да остане во редовите на Каталонците. Неговата реакција доаѓа како резултат на шпекулациите дека шпанскиот состав сака да го стави на трансфер-листата доколку добие добра понуда.
„Мојата иднина зависи од клубот. Сите знаат дека сум многу среќен во Барса и благодарен сум на Чави“ – изјави Араухо.
Ќе потсетиме дека 26-годишниот играч има договор со клубот до 2026 година.

