Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, не крие дека е задоволен со одличната партија и сигурната победа против Спарта Прага во елиминациите во Лига Европа.
„Црвените“ вчера на реваншот славеа со убедливи 6:1 а мечот го решија во првите 14 минути кога погодија дури четири пати во голот на Чесите. Потоа се беше само забава за фановите на – „Енфилд.
„Стадионот беше распродаден, се беше подготвено за навистина добар натпревар. Момците започнаа неверојатно добро, навистина ми е мило за публиката“ – потенцираше Клоп.