Македонската фудбалска репрезентација ја очекуваат два контролни меча во Анталија , Турција. На 22 март ќе играме со Молдавија додека три дена подоцна ќе се сретнеме со Црна Гора.
Селекторот, Благоја Милевски, кој вчера го објави списокот со 28 фудбалери, во гостувањето на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ, потенцира дека ќе бара максимална ангажираност како на тренинизите така и на мечевите.
„По подолг период ќе имаме собир на репрезентацијата но, тоа не зависи од нас туку од календарот на УЕФА . Мечевите со Молдавија и Црна Гора ни се значајни како подготовка за наредните квалификации. Станува збор за две квалитетни селекции. Ќе имаме можност да видиме до каде сме со формата на играчите и да подготвиме соодветна тактика за наредните предизвици“ – изјави Милевски.

