Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, уживаше во една од најзначајните победи откако го презеде кормилото.
„Црвените ѓаволи“ вчера во продолжение го победија Ливерпул со 4-3 во четвртфиналето на ФА Купот.
„Првите 30 минути беа нашите најдобри од почетокот на сезоната. Игравме многу компактно но, потоа попуштивме. Сепак на крајот ги искористивме шансите“ – изјави Холанѓанецот на клупата на Јунајтед.