Младата фудбалска репрезентација до 21 година в четврток ги продолжува квалификациите за ЕП 2025. Во Скопје гостува Гибралтар, а неколку дена подоцна и Шведска. Во пресрет на дуелите, селекторот Драги Канатларовски зборуваше за очекувањата од новите две пресметки.
„Нема слаби противници. Ние и минатата година видовме колку и на клупско ниво е променет фудбалот во Гибралтар, особено низ натпреварите кои ги играше Шкупи во европските купови. Нивната победа против Молдавија и минималниот пораз од Холандија со 1:0 покажуваат дека станува збор за солидна репрезентација. За нас се освен победа на мечот во четврток ќе биде неуспех. Сметам дека имаме подобар играчки кадар од Гибралтар, имаме поквалитетен тим и само со максимално ангажирана игра и дисциплина во сите 90 минути може да се надеваме на успех. Не ретко тие мали репрезентации знаат да ги замрсат сметките на поквалитетните репрезентации“, вели селекторот.
Младите по подолго време ќе одиграат меч на Националната арена „Тодор Проески“. Канатларосвки смета дека тоа ќе биде и предност за нашата селекција.
„Според мене и од мое лично искуство, секако дека играњето на Националната Арена треба да биде предност. Тој е нашиот најквалитетен терен и цела енергија треба да ја посветиме на техничко-тактичко надмудрување. Предноста треба да биде на наша страна, затоа што нашите фудбалери се технички подобри од Гибралтар“, вели Калантларовски во гостувањето на програмата на Спортското радио 90.3 фм.
Разговорот со Драги Канатларовски можете да го проследите на следниот ЛИНК