Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, кој ги скина вкрстените лигаменти во почетокот на сезонава, принудно го заврши денешниот тренинг поради скинат медијален менискус на десното колено.
Тоа го објави новинарот Фабрицио Романо на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер). Според проценките, Белгискиот фудбалер ќе се опоравува од новата повреда во наредните два месеца.
31-годишниот член на „кралевите“ нема одиграно ниту еден меч во сезонава.

