Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио, кој има договор со италијанскиот состав до претстојното лето, вели дека допрва ќе размислува за неговата иднина.
„Нема ништо дефинитивно. Следната сезона треба да играме во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство. Ова се работи што можам да ги земам во предвид но, сè уште ништо не сум одлучил“ – изјави Рабиот.
„Не брзам со одлуката. Морам добро да размислам бидејќи сум на одредена возраст во кариерата и морам да го направам вистинскиот избор“ – додаде играчот од средниот ред.

