Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа предвреме го заврши настапот на фјучерс турнирот во Ларнака (Кипар) што се игра на земјена подлога за 25.000 долари.
Ѓорческа не можеше да го заврши денешниот меч против Дебора Киеза од Италија, меч во кој имаше одличен прв сет кој го доби со 6:2, меѓутоа потоа почнаа проблемите за неа, Италијанката ги доби наредните шест гема и израмни на 1:1 (6:0 во вториот сет) , а во третиот сет Киеза поведе со 3:0 по што Ѓорческа одлучи да се повлече и предаде натпреварот поради повреда.
Ова за Лина Ѓорческа беше втор турнир во низа во Ларнака, на првиот стигна до финалето, а во вториот дојде до осминафиналната фаза.