Репрезентативецот, Никола Серафимов, вели дека Молдивија се покажала како добар противник на вчерашниот меч во Анталија и дека сега треба да се насочиме кон натпреварот со Црногорците.
„Креиравме неколку шанси за гол но, ни се случи непишаното фудбалско правило и пристигна казната за промашувањата“ – вели Серафимов.
„Црна Гора е поквалитетен противник, имаме уште два дена за подготовки и одиме на победа“ – потенцираше нашиот фудбалер.

