Селекторот Благоја Милевски, пред утрешниот меч со Црна Гора на мини подготовките во Анталија, вели дека ќе направи промени во составот во однос на дуелот со Молдавија.
„Ќе има промени во составот бидејќи тука сме дојдени за да го провериме потенцијалот на некои играчи – вели Милевски.
„Има ситни проблеми со повреди, па денешниот тренинг ќе ни покаже кој ќе биде подготвен и кој ќе започне“ – потенцираше Милевски пред утрешниот меч од 18 часот.

