Првиот голман на нашата „А“ фудбалска селекција, Столе Димитриевски, вели дека го очекува посебен меч против Црна Гора на подготовките во турската, Анталија.
„ За мене е специјален меч бидејќи моето деби беше со победа против Црна Гора од 3-1 во Скопје. Мислам дека концентрацијата во финишот на мечот мора да ни биде на повисоко ниво бидејќи често примаме голови во последните 15-20 минути“ – вели Димитриевски.
„ Голот со Молдавија кој го примив беше фантастичен и можам да кажам дека таков убав гол немам примено можеби добри пет или шест години“ – потенцираше нашиот репрезентативец пред утрешниот меч.

