Поранешниот германски репрезентативец Лотар Матеус по победата на германската репрезентација над Франција со 2:0, ја пофали работата на селекторот Јулијан Нагелсман и даде оптимистички прогнози за настапот на претстојното ЕП.
„Тимот е на добар пат со комбинацијата на млади, искусни, брзи и паметни играчи. Квалитетот е висок и играчите имаат се што им е потребно за да станат европски шампиони. Но, ова беше само почеток. Најважно е што Нагелсман ги претвора овие играчи во кохезивна единица која не само што добро удира, туку и се држи заедно“, изјави Матеус.

