Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Милевски: „Задоволен сум од начинот на кој игравме, имаме уште многу работа за да напредуваме во играта“
    Фудбал

    Милевски: „Задоволен сум од начинот на кој игравме, имаме уште многу работа за да напредуваме во играта“

    risteBy riste25/03/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз од Црна Гора го заврши мартовскиот циклус пријателски натпревари. Селекторот Благоја Милевски по натпреварот со Црна Гора (0:1) даде своја анализа на овој , но и на претходниот натпревар на нашата репрезентација.

    „Противникот немаше ниту еден шут од игра кон голот. Прекините ни се проблем, работиме напорно на тоа. Се обидовме денес да ја промениме поставеноста на корнери, игравме некоја зона. Сепак, се случуваат такви грешки како при голот и ќе работиме понатаму. Морам да изразам задоволство за начинот на кој игравме. Македонија доминираше во сите сегменти на фудбалската игра. За жал шансите, особено во првиот дел, не ги искористивме. Сето останато што побарав од играчите беше исполнето. Морам да бидам задоволен од виденото. Пак ќе потенцирам дека Македонија одигра квалитетен натпревар против повеќе од сериозен противник како Црна Гора. Сè на сè, задоволен сум од двата натпревари во Анталија. Имавме доста промени на тактички план меѓу двата меча со Молдавија и Црна Гора. Тргнувајќи од индивидуалната тактика и поставеноста на играчите, имаше доста измени, а сите го исполнија тоа што се бараше од нив. Ако Македонија изгледа вака како денес, јас ќе бидам среќен. Секако, ако го тргнеме резултатот на страна. Иако резултатот е најважен, тоа не е така на овие контролни натпревари. Многу поважно ми е што ќе покажат играчите“, изјави Милевски.

    Македонија во Анталија одигра со Молдавија (1-1) и загуби од Црна Гора (1-0) во двата пријателски натпревари во Турција. Во јуни нашиот национален состав ќе одигра уште два квалитетни теста, против Хрватска и Чешка.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.