Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Интер го бара наследникот на Зомер во Бразил
    Фудбал

    Интер го бара наследникот на Зомер во Бразил

    risteBy riste26/03/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Екипата на Интер која е на чекор до освојувањето на титулата во Серија А е се поблиску до потпишување на договор со бразилскиот репрезентативец Бенто, но допрва треба да постигне конечен договор со неговиот клуб Атлетико Параненсе. „Нероаѕурите“ го следат 24-годишниот голман од летото 2023 година, кога договорот не се оствари и Интер се засили со Јан Зомер.

    Договорот на Бенто со Атлетико Параненсе е до декември 2026 година, но тој е подготвен да го направи следниот чекор во кариерата и да ја напушти татковината за да се пресели во Европа.

    Бенто веќе некое време е на радарот на Интер, преставници на Интер лично го посетиле Бразил, а голманот е подготвен да го направи следниот чекор во кариерата во Италија. “Тутоспорт“ истакнува дека проблемот е што Атлетико Паранаенсе има ослободителна клаузула од 60 милиони евра и сака најмалку 15 милиони евра за да го продаде ова лето.

    Интер, од своја страна, нема намера да потроши 15 милиони евра за нов голман, па двете страни преговараат за зделка од околу 8 милиони евра, на која ќе се додаде процент од следната продажба на Бенто.

    Тој го имаше своето деби за Бразил во пријателската победа од 1:0 против Англија на стадионот „Вембли“ оваа недела.

    Планот на Интер е Бенто да биде резерва на Јан Зомер следната сезона, за потоа Бразилецот да стане број 1 на голот на Нероаѕурите.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.