Трансферот на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе нема да влијае на плановите на Реал Мадрид за дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис .Реал Мадрид можат да си дозволат да ги договорат двата трансфери, пренесува шпанското онлајн издание „Релово“.
Според изворот, Реал останува заинтересиран за Дејвис, но не би сакал да плати повеќе од 40 милиони евра за него. Да потсетиме, претходно беше објавено дека Баерн му нуди на Алфонсо Дејвис да го продолжи договорот до 2029 година. Беше забележано дека доколку Канаѓанецот не ја прифати понудата на тимот од Минхен, ќе биде ставен на трансфер листа.
Дејвис оваа сезона учествуваше на 31 натпревар во сите натпреварувања, на кои постигна еден гол и три асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот трае до летото 2025 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 70 милиони евра.

