Со последните бараж натпревари синоќа, и официјално заврши квалификацискиот циклус на претстојното Евро 2024, кое ќе се одржи во Германија. Со тоа конечно го дознавме список на сите учесници на континенталниот шампионат и комплетниот изглед на групите.
Според резултатите од баражите, последните три билети за претстојното Европско првенство ги добија репрезентациите на Украина, Полска и Грузија, кои се сместија на празните места во групите Е, Д и Ф, соодветно.
Во групата „Е“ се најде Украина која на ЕП ќе игра со Белгија, Словачка и Романија. Во групата „Ф“ е Грузија, која на ЕП ќе дебитира во група со Турција, Португалија и Чешка, додека селекцијата на Полска ќе биде дел од групата „Д“ каде се и Холандија, Австрија и Франција.