Карлос Алкараз пред утрешниот меч со Григор Димитров во четвртфиналето на „Мастерсот“ во Мајами, вели дека противникот игра одличен тенис.
„Знам дека е многу талентиран играч, многу тежок противник. Ќе се обидам да го покажам мојот најдобар тенис и да стигнам до победа“ – изјави 20-годишниот Шпанец.
„Индијан Велс беше многу важен за мене. Во многу добар момент сум професионално и лично“ – изјави Алкараз.