Дамјан Саздов, помошник тренер во кошаркарскиот состав Феникс 2010, во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ, вели дека со пласманот во разигрувањето за титулата е надмината целта и дека тимот останува максимално насочен кон работата со младинските категории.
„ Успеавме да ги надминеме првичните очекувања со сениoрскиот состав. Пред сезоната имавме за цел да опстанеме но, очигледно дека со добра тимска работа отидовме чекор понапред и влеговме во втората фаза. Можеме да бидеме задоволни како се одвива сезоната“ – нагласи Саздов во гостувањето во Спортско радио 90,3 ФМ.
„Феникс има одлични млади екипи. До 12 и 14 години освојуваме први места додека со селекциите до 16 и 18 години влегуваме во Топ 3. Имаме перспективни кошаркари а дел од нив добиваат можност да работат и со првата екипа“ – потенцираше Саздов.
Комплетниот разговор може да го проследите на следниот ЛИНК