Документарецот за ѕвездата на Реал Мадрид Винисиус Жуниор ќе биде објавен кон крајот на 2025 година. Во јуни 2023 година, Нетфликс објави дека започнуваат со снимање на филмот.
Според „Ел Чорингуито“, компанијата се надева дека премиерата на филмот ќе се совпадне со евентуалното освојување на Златната топка на бразилската фудбалска ѕвезда.
Во тековната сезона фудбалерот на Реал Мадрид има 12 гола и 4 асистенции на 20 натпревари во шпанската лига.

