Секогаш кога има пауза за репрезентативните настапи, главоболките за Пеп Гвардиола се зголемуваат. Таква е ситуацијата и по ова пауза за настапи во репрезентациите. Менаџерот на Манчестер Сити, пеп гвардиола повторно има проблеми по враќањето на играчите од своите репрезентации.
Така и овојпат, а веќе во недела го чека големото дерби со Арсенал кој во оваа 2024 година игра во фантастична форма.
Факт е дека Манчестер Сити нема да може да настапи со најсилниот состав. Се знае дека Пеп не може да смета на Едерсон и Стоунс, се повреди и Вокер, а под голем знак прашалник е настапот на Џек Грилиш и Кевин Де Бруин.
По враќањето во клубот од своите репрезентации на повреди се пожалија Бернардо Силва, Ерлинг Халанд, Диас, Аканџи, но според последните информации овие играчи би требало да можат да играат.
Во секој случај, Гвардиола има сериозни проблеми околу составот на својата екипа пред една од најважните средби оваа сезона во Премиерлигата. Инаку дерби натпреварот се игра на „Итихад“ во недела со почеток од 17:30 часот.