Реал Мадрид ќе ги продолжи договорите со дефанзивците Начо Фернандез и Лукас Васкез, објави синоќа весникот „АС“.
Двајцата играчи ќе потпишат нови договори до летото 2025 година. Претходните договори на Шпанците со Реал Мадрид истекуваа на крајот од сезоната 2023-2024.
Претходно се дозна дека играчот од средниот ред Тони Крос исто така ќе остане во шпанската престолнина најмалку уште една година. Се очекува 14-кратниот европски клупски шампион да објави нови договори во многу блиска иднина.
Васкез (32) има еден гол и четири асистенции на 28 натпревари оваа сезона, додека Фернандез (34) има 33 настапи за Реал Мадрид.

